ИТАЛИЈАНЦОТ Енцо Мареска, кој го врати Лестер Сити во првата лига, е новиот тренер на Челзи, пишуваат британските медиуми.
Според Дејли Телеграф, 44-годишниот Мареска беше назначен за нов тренер со договор на пет години со опција за продолжување на уште една година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мареска, кој до минатата година беше асистент на Шпанецот Пеп Гвардиола во англискиот шампион Манчестер Сити, обезбеди итно враќање на Лестер во англиската Премиер лига, откако испадна пред 12 месеци.
Мареска, поранешен играч од средниот ред кој играше за торинските Јувентус, Севиља и Олимпијакос, ќе биде четвртиот тренер ангажиран откако Тод Боли и неговиот конзорциум инвеститори го купија лондонскиот клуб.
Негови претходници беа Томас Тухел, Грем Потер и Маурисио Покетино. Аргентинецот Покетино по само една година го напушти клубот од Стемфорд Бриџ со кој заврши на шестото место во првенството.