Дома Фудбал Барса не може да го регистрира Ханси Флик

Барса не може да го регистрира Ханси Флик

Лапорта пред три години ја презеде Барселона, во момент кога клубот имаше големи финансиски проблеми и долг од речиси 1.300.000.000 евра. Од неговото доаѓање Барселона редовно има проблеми со финансискиот фер-плеј што се одразува на регистрацијата на фудбалерите. Овие проблеми ја следат Барселона и пред почетокот на летниот преоден рок.

Финансиските проблеми, во овој момент не и дозволуваат на Барселона да го регистрира новиот тренер, Ханси Флик и неговиот стручен штаб.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Фискалната година трае од 30 јуни до 30 јуни и Барселона има уште еден месец да ги „испегла“ сметките, за да може да го регистрира тренерот и не само него.

Исто така, во моментов не се регистрирани уште четворица играчи: Ињиго Мартинез, Алехандро Балде, Гави и Витор Роке.

Гави и Балде, поради повредие предвреме ја завршија сезоната, па Барселона не ги пријави за вториот дел од шампионатото на Шпанија. Минатото лето Ињиго Мартинез можеше да биде пријавен за една сезона, па истото би требало да се случи и ова лето.

Во јануари, Барслеона до крајот на сеозната го регистрираше младиот Бразилец, Витор Роке.

Но, во Каталонија уверуваат дека се е под контрола, чекаат официјално потпишување на нов договор со компанијата „Најки“, кој ќе биде голем, па клубот нема да има проблем да ги регистрира фудбалерите и тренерот.

Инаку, за конечно Барселона да може да работи по принципот 1:1 (колку што ќе заработи толку да може и да потроши), мора да продаде некои играчи, и тоа највредните.

Флик ја стопирал продажбата на Роналд Араухо и Френки де Јонг, Рафиња е фудбалер кој има голема вредност на пазарот но засега тој одбива да ја наушти Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исчезна внука на познатиот српски тренер, полицијата насекаде ја бараше пет дена

Внуката на поранешниот српски фудбалер и тренер Драгослав Степановиќ неодамна исчезна во Г…