Грчкиот фудбал конечно доби клупски европски трофеј. Олимпијакос до титулата стигна победувајќи ја Фиорентина во финалето на Конференциската лига, а навивачите на атинските црвено-бели знаеја да го прослават големиот успех.
Натпреварот на стадионот „Аја Софија“ во Атина заврши со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Мароканецот Ајуб Ел Кааби во 116. минута.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Олимпијакос го постигна овој успех на стадионот на лутиот градски ривал АЕК, што му дава уште поголемо значење на овој историски момент за грчкиот фудбал, прв по 2004 година, кога репрезентацијата стана сензационален шампион на Европа.
Погледнете како изгледаше прославата на улиците на грчката престолнина.
Τρέλα στο γκολ του Ολυμπιακού #olympiacosfc pic.twitter.com/aPcu18VmTV
— Θανάσης Κρητικός (@Than_Kritikos) May 29, 2024