КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ја заврши својата прва целосна сезона во Саудиската професионална лига со голем стил, откако го собори рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона.
Во натпреварот од последното, 34. коло, Ал Наср го победи Ал Итихад со 4:2, а Роналдо со два гола стигна до рекордната бројка од 35 гола во сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходниот рекорд го држеше поранешниот марокански напаѓач на Ал Наср, Абдеразак Хамдала, кој постигна 34 гола во сезоната 2018/19.
Ова не е единствениот рекорд што го собори Португалецот. Имено, тој сега е првиот играч во историјата на фудбалот кој ја освоил титулата најдобар стрелец на сезоната во четири различни национални лиги.
Тој претходно беше најдобар стрелец во Англија (со Манчестер Јунајтед во сезоната 2007/08), Шпанија (три пати со Реал Мадрид во сезоните 2010/11, 2013/14 и 2014/15) и Италија (со Јувентус во 2020/21). Сега на оваа листа ја додаде и Саудиска Арабија.