Дома Фудбал Чави забележал дека играчите не разговараат со него

Чави забележал дека играчите не разговараат со него

Чави Ернандез (44) во петокот доби отказ од функцијата тренер на Барселона. Тоа беше големо изненадување за сите.

Да потсетиме, Барселона пред три недели најави дека ќе продолжи со Чави иако тој најави заминување на крајот од сезоната во февруари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, минатата недела претседателот на Барселона, Лапорта го известил Чави за отказот, а нов тренер на Барселона ќе биде Германецот Ханси Флик.

Сепак, каталонскиот RAC 1 пренесува дека вистинска драма се одвивала пред и по натпреварот против Рајо Ваљекано пред десет дена. Имено, Чави забележал дека играчите се многу ладни и оддалечени кон него. Кога ги прашал што е проблемот и зошто не сакаат да разговараат со него, тие му рекле дека се разочарани бидејќи го виделе списокот со играчи кои сака да ги стави на трансфер листата.

Според повеќе извори од клубот, списокот на играчите им го доставил Алехандро Ечеварија, кој нема официјална функција во клубот, но учествува во носењето на сите важни одлуки. Шпанците пишуваат дека тоа го направил за да го поткопа Чави во очите на играчите.

Дека ситуацијата меѓу двајцата е многу тензична говори и фактот што Чави инсистирал Ечеварија да не биде присутен на состанокот во клубот каде тој и челниците разговарале за тоа дали ќе ја води Барселона следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веќе се познава костурот во Лигата на шампионите: Кој со кој не може да се сретне до полуфиналето и финалето во ЛШ?

Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можем…