Дома Фудбал ПСЖ подготви 80 милиони евра за напаѓачот кој доаѓа во замена за Мбапе

ПСЖ подготви 80 милиони евра за напаѓачот кој доаѓа во замена за Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ заминува од ПСЖ во Реал Мадрид. Тој веќе се прости од навивачите во Париз и е подготвен на лето да потпише петгодишен договор со Кралскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пишува Газета дело Спорт, ПСЖ веќе најде замена за својата легенда. Се работи за Кварацхелија, одличниот грузиски офанзивец, кој настапува за Наполи.

Според Газета, ПСЖ понудил 80 милиони евра за 23 годишниот играч. Наводно, Наполи ја одбил таа понуда бидејќи бара минимум 120 милиони евра.

Кварацхелија минатата сезона беше најдобар играч на шампионот Наполи, додека годинава падна во втор план бидејќи клубот игра слабо и е деветти на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ирански фудбалер веќе не може да влезе во САД!

Иранскиот репрезентативец Мехди Тораби повеќе нема право на влез во Соединетите Американск…