Дома Фудбал Англија Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот од Минхен се одлучил за изненадувачки потег.

Според последните информации, Баерн започна преговори со стратегот од клупата на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот на Тен Хаг со Манчестер Јунајтед истекува следното лето, а неговата позиција во Манчестер Јунајтед не е сигурна и Баерн ќе се обиде тоа да го искористи.

Пред извесно време се појави информација дека Тухел може да дојде во Манчестер Јунајтед, па така би дошло до смена на тренерите.

Тен Хаг во својата кариера две години беше тренер на Баерн Минхен, па средината не му е непозната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува прво засилување за Керик

Манчестер Јунајтед многу брзо би можел да го реализира првиот трансфер по промените на клу…