Дома Моторспорт Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Оваа вест ги израдува во таборот на Ферари кои подготвуваат да го доведат во своите редови.

Токму Њуи е еден од главните луѓе за успехот на актуелниот шампион, а сигурно дека би бил големо засилување за Ферари кој во своите редови ќе потсетиме ќе го има и Луис Хамилтон.

Разделбата со Њуи официјално ја потврди и Ред Бул.

„Њуи имаше голема улога во походот кон седум титули за возачи и шест во конкуренција на конструктори со вкупно 118 победи и 101 пол-позиција“, соопштија од Ред Бул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Рекорд за Бецеки во Португалија, тежок пад на Мореира ги прекина квалификациите

Бецеки го остави Марк Маркез зад себе за речиси половина секунда, а Мореира помина без пос…