Ремито на Наполи со Фросиноне е уште еден болен резултат во лошата сезона на минатогодишниот шампион. Првиот човек, Аурелио де Лаурентис веќе е во потрага по нов тренер.
Како нова сериозна опција се појави, Џанпјеро Гасперини, кој е во конкуренција на Антонио Конте, Стеан Пиоли и Винченцо Италијано, пишува „Коријере дело спорт“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гасперини во својата кариера два пати беше на клупата на Кротоне, Џенова и Палермо, накратко го водеше Интер во 2011 година, додека на клупата на Аталанта е од 2016 година.
Антонио Конте е првата желба, веќе баран во октомври. Тој и Гасперини се одликуваат со тактиката со тројца во одбраната. Винченцо Италијано и Стефано Пиоли го форсираат системот со квартет позади, што ги прави поразлични.
Како и да е останува наредниот период да видиме за што ќе се одлучи Де Лаурентис.