Најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите од следната сезона ќе го промени форматот, но со тоа ќе се зголеми и наградниот фонд од две милијарди евра на 2.5.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повеќе пари ќе се добиваат уште на самиот старт за самиот пласман. Досега клубовите добиваа по 15.64, а од новата сезона 18.62. Секоја победа ќе носи 2.1 милиони евра на сметка на учесник, ремито ќе носи 0.7 милиони.
Во Лигата на шампионите како што е веќе познато ќе играат 36 клубови место 32 како доега. Повеќе нема да има групна фаза и ќе се игра во лигашки систем и секоја екипа ќе одигра осум место шест натпревари.
Првите осум на табелата ќе обезбедуваат место во осминафиналето, додека екипите од 9-то до 24-то место ќе играат плеј-оф за место помеѓу најдобрите 16.