Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ не заборава: Постигна победнички кош, па го исмеа Дивац 🎥

Дончиќ не заборава: Постигна победнички кош, па го исмеа Дивац 🎥

Лука Дончиќ ја потврди победата на Далас против Сакраменто (107:103) на гости со поените од линијата за слободни фрлања, последниот поен Дончиќ го посвети на поранешниот кошаркар Владе Дивац.

По кошот, Дончиќ се сврте кон Дивац, покажа со прстот и дофрли нешто кон него, а подоцна на сите од клупата им порача: „Требаше мене да ме избере“.

Ќе потсетиме, во 2018 година, Сакраменто го имаше вториот пик на НБА драфтот, но наместо Дончиќ, на инсистирање на Дивац го избра Марвин Бегли кој сега игра во Вашингтон и не се истакнува премногу. Очигледно е дека Лука не го заборавил тоа. Дончиќ на овој меч постигна 26 поени, девет скока и имаше одлични 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…