Фенербахче ја победи Алба Берлин со 103:68 во 32. коло од Евролигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот го одбележа американскиот кошаркар Најџел Хејс, кој постигна неверојатни 50 поени за турскиот тим.
Со тоа тој стана рекордер во Евролигата бидејќи ги надмина 49-те поени на Шејн Ларкин од 2019 година.
Во продолжение на натпреварот беше забележан и еден од најлудите кошеви во оваа сезона од Евролигата, кој го постигна Словенецот Жига Самар.
На крајот на третата четвртина тој заврши на земја додека се бореше за топката и постигна кош додека седеше на подот. Тоа беа првите и единствени поени на 23-годишниот играч. Погледнете го видеото ТУКА.