Дома Фудбал Репрезентативната пауза донесе лоши вести за Анчелоти

Репрезентативната пауза донесе лоши вести за Анчелоти

Во текот на сезоната, Карло Анчелоти имаше големи проблеми со отсуство на важни играчи, а репрезентативната пауза донесе нови проблеми за италијанскиот стратег.

Клупските тренери често пати се соочуваат со проблем кога нивните играчи играат за репрезентациите. Анчелоти сега доби лоши вести од пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Чиле каде што се повредил, Едуардо Камвинга.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Камвинга го напушти теренот предвреме и во придружба на медицинскитот тим тешко се движеше и беше очигледно дека му е повредена левата нога.

Камвинга е важен играч за Реал и доказ се 32 настапи во кои собра над 2.000 минути. Анчелоти го користи на неколку пзоции, меѓутоа сега стравува дека ќе го пропушти натпреварот од првенството против Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид нема конкуренција – прв ја надмина границата од 50 заработени милиони на СКП

Фудбалскиот гигант Реал Мадрид повторно го потврди своето водечко место не само на теренот…