Дома Фудбал Останато Откриено кој платил еден милион евра кауција за Алвеш

Откриено кој платил еден милион евра кауција за Алвеш

На 25 март, Дани Алвеш беше ослободен од затвор во Барселона, каде што беше осуден на 4,5 години откако за силување девојка во ноќен клуб на 31 декември 2022 година.

Кауцијата од еден милион евра беше платена во текот на вчерашниот ден, па Бразилецот можеше да излезе на слобода.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бидејќи сметките на Дани Алвеш беа замрзнати, исплатата не можеше да се изврши од неговата сметка, па мораше некој да му помогне.

Најпрво, на Дани Алвеш му биле исплатени 150.000 евра од Нејмар, за да и плати отштета на девојката и тоа беше олеснителна околност за Бразилецот во одредувањето на затворската казна.

Многумина мислеа дека токму Нејмар ја платил кауцијата од милион евра, но сега пристигнуваат информации дека тоа го направил уште еден негов соиграч од Барселона – Холанѓанецот Мемфис Депај.

Дани Алвеш и Мемфис Депај се „поклопија“ во Барселона само една година во сезоната 2021/22, но очигледно брзо станале пријатели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Жестока реакција на Осогово: Судијата Салихи е срам и брука за ФФМ!

Осогово претрпе пораз од 2-3 против Скопје во четвртото коло од Втората лига, но мечот во …