Во текот на вчерашниот ден продолжија азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година, а тие стартуваа со изненадувачко реми на Тајланд и Јужна Кореја, натпреварот заврши без победник 1:1. Од очекуваните исходи Северна Кореја загуби од Јапонија со 0:1.
За неколку дена двете селекции требаше да одиграат и уште еден натпревар и тоа во Пјонгјанг во рамките од четвртото коло. Сепак, овој дуел се одложи поради за овој период една неверојатна причина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите објавија дека Северна Кореја ја информирала Азиската фудбалска конфедерација натпреварот да се одложи поради страв од ширање на коронавирусот и поради тоа натпреварот сега ќе се игра на неутрален теренк ој треба да биде избран.
Интересно што Северна Кореја не одиграла домашен натпревар уште од 2019 година, односно пред почетокот на пандемијата.