Дома Фудбал Останато Изненадување: Ослободен Дани Алвеш!

Изненадување: Ослободен Дани Алвеш!

Бразилскиот фудбалер може да го напушти затворот, одлучи судот во Барселона

Алвеш неодамна беше осуден на 4,5 години затвор за силување, но сега Судот одлучи да го ослободи со кауција од еден милион евра.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот и поранешен бразилски репрезентативец во февруари беше осуден на 4,5 години, откако беше откриено дека ја силувал девојката Естер Гарсија, а му беше наложено и да и плати отштета од 150.000 евра.

Алвеш беше обвинет за сексуален напад во Барселона на 31 декември 2022 година, беше уапсен 20 дена подоцна, а потоа префрлен во истражен затвор.

Алвеш (40) во кариерата освои 42 титули и играше за УНАМ, Барселона, Сао Паоло, Пари Сен Жермен, Јувентус, Севиља и Баија. За бразилската репрезентација одигра 126 натпревари и постигна осум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус сака да се изедначи со Мбапе и Белингам по плата, но од Реал не се согласни.

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид продолжува со преговорите со Винисиус Жуниор за пр…