Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл на Дончиќ во тексашкото дерби, Јокиќ го водеше Денвер до триумф против Минесота

Трипл-дабл на Дончиќ во тексашкото дерби, Јокиќ го водеше Денвер до триумф против Минесота

Eкипата на Далас со 113:107 беше подобра од Сан Антонио, а Лука Дончиќ одново беше најдобар на теренот запишувајќи трипл-дабл.

Битката во дербито на Тексас беше изедначена, двете екипи се менуваа во водство за на крајот да слави Далас.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Натпреварот Дончиќ го заврши со 18 поени, 16 асистенции и 10 скокови. Поентерски најрасположен кај Далас беше Кајри Ирвинг со 28 поени, додека Антони Џонс уфрли 22 поени, Вембанјама го заврши натпреварот со 12 поени и 11 скокови.

Победа забележа и Денвер со Никола Јокиќ. Актуелниот шампион со 115:112 славеше над Минесота. Двете екипи во мечот влегоа со идентичен скор од 47 победи и 21 пораз. На крајот Денвер покажа зошто е шампион и предводен од Јокиќ дојде до победата.

Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар со 35 поени и 16 скока. Едвардс за Минесота уфрли 30.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Шарлот 112-92
Вашингтон – Хјустон 114-137
Бруклин – Њу Орлеанс 91-104
Сан Антонио – Далас 107-113
Минесота – Денвер 112-115

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…