Познатиот шпански судија Хесус Хил Мансано нема да суди во следниот викенд во Ла Лига.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По неговата контроверзна одлука да досуди крај некоја секунда пред Реал Мадрид да постигне гол против Валенсија буквално стана непожелен во Мадрид и широко во Шпанија.
Ла Лига одлучи да го суспендира на неодредено време бидејќи сите беа едногласни дека грешката која ја направил била сериозна.
Засега не е познато кога Манзано повторно ќе биде на теренот, но би било интересно да се види дали повторно ќе има можност да суди на Реал Мадрид и какви ќе бидат реакциите на навивачите кои сигурно нема да му го заборават овој пропуст.
Манзано, иако долги години беше сметан за почитуван шпански судија и на листата на УЕФА, често беше предмет на критики поради чудните одлуки каде го истакнуваше својот егоизам и непристапност.