Дома Трансфер зона Сонародникот го советува Лукас: Оди во Арсенал!

Сонародникот го советува Лукас: Оди во Арсенал!

Офанзивниот играч за врска на ПСЖ, Лукас Моура доби совет од својот сонардник Алекс да се пресели во Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алекс е бивш фудбалер на ПСЖ, а во Премиер лигата играше во Челзи и смета дека најдобро за Лукас ќе биде да го напушти Париз и да се пресели во Арсенал.

Со доаѓањето на Нејмар и Мбапе во ПСЖ ова лето Бразилецот го загуби местото во тимот, но сепак одлучи да остане на „Паркот на принцовите“.

Алекс го советува да не ја грее клупата во Париз, туку да ја промени средината, а најдобро би било да се пресели во Арсенал.

„Очекував Лукас да го напушти ПСЖ уште ова лето. Ќе се радувам ако го видам во Арсенал. Тие играат течен, технички фудбал и се идеалниот тим за него. Верувам дека веќе има направено контакт со клубот“, изјави Алекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…