Продолжува лошата атмосфера во соблекувалната на Реал Мадрид. После лошата форма и лошиот старт, една од ѕвездите на тимот сака да си замине!
„Зидан ме излага“, изјави Лукас Васкез, кој е на маргините на тимот и сака да ја промени средината со цел да биде во комбинација за тимот на Шпанија кој ќе патува во Русија.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Дарио Гол“ пренесува дека Васкез повеќе не сака да трпи „егото во соблекувалната“ како и малата минутажа која ми ја дава тренерот Зидан.
Зидан минатато лето го задржи во тимот и му вети дека ќе има поголема минутажа, особено после заминувањето на Мората и Хамес Родригез – но Васкез и понатаму ја грее клупата.
Иако тандемот ББС е „разнишан“ со повреди, сепак предност добиваат Марко Асенсио и Иско. Бејл се повреди и нема да игра шест недели, Бензема е надвор од тимот, но Зизу и понатаму не смета на Васкез.
Поради тоа играчот сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок, па сигурно дека многу европски гигнати ќе се наредат во ред за неговиот потпис.