Како што стојат работите дефанзивецот Ерик Дајер и следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од Германија стручниот штаб на Баерн и раководството се согласиле да го откупат англискиот дефанзивец.
Дајер во Баерн пристигна во јануарскиот преоден рок како позајмен фудбалер од Тотенхем. За позајмица на Дајер платија четири милиони евра, меѓутоа имаат и клазула за откуп.
Ако Баерн ја активира оваа клазула Дајер ќе остане нивни член и во наредните 12 месеци.
Англискиот репрезентативец по повредите на неколку негови соиграчи настапи на неколку средби во низа и тоа придонело да го убеди раководството да ја активира клазулата.