Реал Мадрид во 26. коло во Ла Лига славеше на свој терен во дербито против Севиља со 1:0, а најзаслужен за овој триумф на „кралевите“ беше Лука Модриќ кој на теренот доби шанса во 75. Минута.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Модриќ не добива преголема минутажа сезонава во Реал Мадрид, меѓутоа тоа не го спречува да ја покаже класата кога е на теренот.
Пофалби за Модриќ по натпреварот испрати и тренерот Карло Анчелоти.
„Не можам да знам што размислува. Модриќ е многу добар и скромен човек. Не знам дали сака да остане во Реал Мадрид и да биде резерва. Се што можам јас да кажам е дека не е важно колку време си на теренот, туку што покажуваш за тоа време. Како би можел да му помогнам?
Не знам, тешко дека би можел. Го разбирам кога е тажен, меѓутоа ова не е крај за него. Голем дел од јавноста мисли дека е така, но не е. Погледнете тој има 39 години, а прави неверојатни работи на теренот“, изјави Анчелоти.