Дома Останати Кошарка НБА Maшина: Втор трипл-дабл на Јокиќ за помалку од 24 часа!

Maшина: Втор трипл-дабл на Јокиќ за помалку од 24 часа!

Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во НБА лигата и сега стигна до вториот трипл-дабл во помалку од 24 часа.

Денвер славеше против Портланд со 127:111, а Јокиќ овој натпревар го заврши со 29 поени, 15 скоак и 14 асистенции. Српскиот кошаркар имаше учинок 12/17 од игра, 1/3 за три поени, две украдени топки и две загубени. Портер беше најефикасниот кај Денвер со 34 постигнати поени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Овој трипл-дабл за Јокиќ беше 138-ми со што се израмни со Леброн на 4-тата позиција на вечната листа.

За издвојување од вечерта покрај тензичните ситуации (ТУКА) е и одличниот настап на Виктор Вембањама во поразот на Сан Антонио од 118:123. Младата НБА ѕвезда успеа да стане најмладиот кошаркар во НБА кој имал најмалку пет поени, скокови, асистенции, блокади и украдени топки. Натпреварот Вембањама го заврши со дабл-дабл од 27 поени, 10 скока и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…