Дома Трансфер зона Желбата на Реал Мадрид може да заврши во ПСЖ?

Желбата на Реал Мадрид може да заврши во ПСЖ?

Кога е ПСЖ во прашање фокусот е на Килијан Мбапе кој би требало да го облече дресот на Реал Мадрид, но во Париз работат и на потенцијалните засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франсукиот гигант сака да доведе и талентиран дефанзивец кој би бил долго во клубот. Првата опција е Лени Јоро. Во прашање е 18-годишен стопер на Лил кој сезонава со своите настапи го привлече вниманието и на Реал Мадрид.

Јоро е еден од најдоброоценетите играчи во Лига 1, игра за младата француска репрезентација и ПСЖ ќе се обиде да го „украде од пред носот“ на Реал Мадрид.

Неговата вредност се проценува на околу 60 милиони евра, договорот му истекува летото 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…