Дома Кошарка Брутален трипл-дабл на Јокиќ: Ваков меч во НБА никој не одиграл 50 години!

Брутален трипл-дабл на Јокиќ: Ваков меч во НБА никој не одиграл 50 години!

Денвер изминатата вечер го победи Портланд со 120:108, а одново на паркетот блескаше Никола Јокиќ.

Јокиќ го предводеше својот тим до победа со уште еден „трипл-дабл“, но и испиша историја одигрувајќи меч каков што во НБА последен пат бил виден во 1968 година. Јокиќ запиша 27 поени, 22 скока и 12 асистенции.

Тој стана кошаркар со најмногу 20+, 20+, 10+ трипл-дабл учиноци во последните 50 години од НБА.

Сезонава за Јокиќ ова беше 15-ти трипл-дабл и 120-ти во кариерата. Втор оваа година со минимални 20 поени и 20 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…