Од редовите на Наполи и официјално објавија дека го продолжуваат договорот со Матео Политано.
Политано го продолжи договорот клубот од Неапол до летото 2027 година, а неговата плата ќе биде 3.4 милиони евра по сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во редовите на Наполи, Политано пристигна пред почетокот на сезоната 2019/2020 и тоа како позајмен фудбалер од Интер, подоцна неговиот договор беше трајно откупен за 21 милион евра.
За Наполи одигра 175 натпревари, постигна 29 гола и додаде 24 асистенции, па секако дека продолжувањето соработката беше важно за клубот.
Дресот на репрезентацијата на Италија, Политано го носеше на 12 натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција.