Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ блесна со уште еден трипл-дабл, дербито на Лос Анџелес за Лејкерс 🎥

Joкиќ блесна со уште еден трипл-дабл, дербито на Лос Анџелес за Лејкерс 🎥

Никола Јокиќ продолжува да доминира во НБА лигата и одново беше најзаслужен за победата на Денвер против Индијана (114:109).

Натпреварот српскиот ас го заврши со трипл-дабл во кој имаше 31 поен, 13 скока и 10 асистенции. Клучна во победата на Денвер беше третата четвртина која ја добија со 39:19, солидна поддршка Јокиќ имаше и од Џамал Мареј кој исто така постигна 31 поен.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Дербито на Лос Анџелес заврши со победа на Клиперс од 127:116. Клиперси со овој триумф успеаа да стават крај на трите победи во низа на Лејкерс во дерби пресметките. Сепак, треба да се знае дека Лејкерс беа без услугите на Леброн Џејмс.

Најдобар во таборот на Клиперси беше Каваи Ленард со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции. На спротивната страна Данџело Расел уфрли 27 поени и додаде 10 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Денвер 109-114, Бруклин – Њујорк 103-108, Њу Орлеанс – Јута 153-124, Оклахома сити – Портланд 111-109, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 127-116.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…