Тренерот на Јувентус, Макс Алегри му ја отворил излезната врата на Моис Кин, кој веќе пронашол нов клуб.
Кин и оваа сезона е во сенка на Влаховиќ и ретко добива минутажа, а главно е на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа и самиот е спремен да ја промени средината, а неговиот агент го понудил на неколку клубови ширум Европа.
Последните информации се дека Атлетико Мадрид покажал најсериозен интерес и веќе се договорил со италијанскиот напаѓач.
Двата клуб се пред постигување на договор за позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) January 21, 2024