Дома Останати Кошарка Милојевиќ пред една година: Луѓе, еден живот имаме, треба да уживаме во него…

Милојевиќ пред една година: Луѓе, еден живот имаме, треба да уживаме во него…

Српскиот кошаркарски тренер и поранешен репрезентативец, Дејан Милојевиќ трагично го загуби животот по срцев удар во САД каде што работеше како помошник во стручниот штаб на Голден Стејт.

Блиските и пријателите по трагичната вест се простуваат од него, а актуелно стана и едно гостување на Милојевиќ на подкаст пред нешто повеќе од една година. Од овој разговор всушност може да се заклучи и каков човек беше Милојевиќ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Јас отидов во Валенсија да.. прво да играм повеќе. Второ, за поубав живот, моето семејство живееше поубаво, на сите ни беше поубаво иако заработивме помалку пари. Од Валенсија отидов во Галатасарај, исто така ми беше супер бидејќи живеев во прекрасен град.

 Јас повторно одбрав да живеам убаво. Сега сум во Сан Франциско и пак ми е супер. Знам дека многу луѓе размислуваат како треба да се гради кариера, да се заработува, но јас не се грижам за тоа.

Луѓе, па еден живот имаме и треба да гледаме да уживаме во него што повеќе, од различни аспекти. Јас сум убеден дека нема добро да си ја вршам работата ако не сум задоволен од својот живот надвор од кошарката“, зборува во разговорот Милојевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…