Тренерот на Јувентус, Макс Алегри му ја отворил излезната врата на Моис Кин, пренесуваат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кин и оваа сезона е во сенка на Влаховиќ и ретко добива минутажа, а главно е на клупата за резерви.
Поради тоа и самиот е спремен да ја промени средината, а неговиот агент го понудил на Милан, кој е во потрага по нов напаѓач.
Милан е спремен да го доведе италијанскиот репрезентативец на позајмица до крајот на сезоната, па наскоро ќе започне преговори со Јувентус.