Интер сака да го засили нападот, а прва желба е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.
Тареми ова лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше во последен момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега 30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и готово сигурно ќе се пресели во Милано, но во дресот на Интер.
„Нероаѕурите“ се силно заинтересирани за иранскиот напаѓач и сакаат да го доведат без обештетување, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Тареми ги одбил сите други понуди бидејќи сака трансфер во Интер и наскоро ќе потпише преддоговор.
#Taremi vede solo l'#Inter: no a tutte le altre, prende forma l'accordo estivo https://t.co/fTdedEHvQ8 pic.twitter.com/AnfH2dWSXD
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 16, 2024