Дома Македонски спорт Мак ракомет Има зошто да играме: Еве зошто за Македонија е важен денешниот натпревар против Швајцарија

Има зошто да играме: Еве зошто за Македонија е важен денешниот натпревар против Швајцарија

Репрезентацијата на Македонија вечерва од 18:30 часот ќе го игра натпреварот против Швајцарија кој е последен во групната фаза на ЕП 2024. Без разлика на исходот, Македонија нема шанси за пласман во следната рунда, меѓутоа во овој натпревар има за што да играме.

Овој натпревар можеби не е важен за ова Европско првенство, но е важен за евенуталниот пласман на идното Светско првенство наредната година во Хрватска, Норвешка и Днаска.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, токму од овој натпревар зависи дали Македонија ќе се најде во групата на првиилегирани репрезентации пред баражот или ќе оди во вториот барабан кој би ни донел посилен противник.

Правилата на ЕХФ се дека само една од третопласираните селекции нема да се најдат во првиот барабан додека најслабата во оваа конкуренција заедно со четвртопласираната ќе бидат во полошата група селекции на одредувањето на паровите.

Македонија секако мора да ја победи Швајцарија за да биде трета во групата, додека од крајната разлика зависи дали ќе го избегнеме последното место во конкуренцијата на третопласирани.

Натпреварот помеѓу Македонија и Швајцарија се игра вечерва од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…