Реал Мадрид и Челзи се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат шпаските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.
Анчелоти сака да ја засили десната бековска позиција и во јануари е спремен да испрати понуда за 22-годишниот Фримпонг.
За него интерес покажува и Челзи, кој веќе започнал преговори со неговиот агент, но сака да го кокмплетира трансферот во летниот преоден рок.