Малку недостасуваше за изненадување…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот тенисер во светот, Шпанецот, Рафаел Надал со многу маки денес се пласираше во второто коло на туринрот во Пекинг.
Тој на стартот го совлада Французинот, Лук Пуј со 2:1 во сетови, 4:6, 7:6 (8:6) и 7:5.
Мечот траеше нешто повеќе од два ипол часа, а Французинот во вториот сет пропушти две меч топки.
Надал успеа да го издржи налетот на ривалот и серијата од 4:0 во тај-брејкот и да стигне од 4:6 до 8:6 и изедначување во сетови. Во третиот одлучувачки сет му беше доволен брејк во 11 гејм, после што Французинот немаше одговор.
Нареден противник на Надал ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Кинезот Ди Вуа и Русинот Карен Качанов.