Шпанските медиуми пренесуваат дека во зимскиот преоден рок Андре Гомеш ќе ја напушти Барселона, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Серија А.
Португалскиот репрезентативец не е задоволен од статусот и минутажата која ја добива на „Камп Ноу“ и сака да ја промени средината уште во зимскиот преоден рок.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Уште во текот на летото се споменуваше негово заминување од Барселона, но проблем беше високата сума која ја бараа Каталонците за неговата слобода.
Андре Гомеш пристигна на „Камп Ноу“ за 35 милиони евра, па Барса сака да врати голем дел од вложените средства, но во јануари Португалецот би можел да ја промени средината на позајмица.
Имено, неговиот агент Жорге Мендеш го понудил на италијанските клубови Милан, Интер и Јувентус, кои ќе можат да го доведат на позајмица со право на откуп.
Како најсериозен кандидат се споменува Милан кој е во добри односи со Жорге Мендеш, но и Тотенхем исто така е сериозно заинтересиран за услугите на Португалецот.
Останува да видиме која ќе биде следната дестинација на Гомеш, но јасно е дека ќе ја напушти Барселона во јануари.