Дома Фудбал Италија Mурињо пред дербито со големи пофалби за Јувентус: Сите знаеме како игра Алегри

Mурињо пред дербито со големи пофалби за Јувентус: Сите знаеме како игра Алегри

Со почеток од 20:45 часот утре Рома ќе му гостува на Јувентус во дербито од Серија А, а пред овој натпревар Жозе Мурињо истакна голема почит за колегата од спротивната страна.

По победата против Наполи, Рома ја очекува уште едно дерби во кое сега ќе се соочи со Јувентус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ќе биде многу тешко. Сите добро знаеме каков тим е Јувентус. Алегри е човек кој игра на резултат и тоа е најважната работа во фудбалот.

 Јуве знае да се брани многу добро и тешко е да ги пробиеш. Одлични се и во контра-напади, посебно сега кога немаат обврски во Европа и играат само еднаш неделно. За да го победите Јувентус мора да одиграте на највисоко ниво“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Србите не го чекаа исходот од ЕП – Пикси доби нов договор!

Драган Стојковиќ Пикси потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе остане селе…