Дома Македонски спорт По Јунајтед, Миовски се поврзува со уште еден англиски клуб – Абердин ја одреди цената!

По Јунајтед, Миовски се поврзува со уште еден англиски клуб – Абердин ја одреди цената!

Во текот на вчерашниот ден во англиските медиуми се појави сензационална информација дека Манчестер Јунајтед размислува за ангажман на Бојан Миовски (ТУКА), а денес се пишува за нов клуб од Островот.

„Дејли Рекорд“ пренесува дека Саутемптон кој во овој момент се натпреварува во Чемпионшип (втората англиска лига) сака да го доведе македонскиот голгатер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претходно Селтик се истакнуваше како најсериозен кандидат, меѓутоа Саутемптон би можел да им биде сериозна конкуренција. За Манчестер Јунајтед засега нема потврда за интересот и тоа е во рамките на шпекулација.

Абердин не сака да го продаде и сака да го задржи, сепак ако се најде клуб кој би платил шест милиони евра тогаш тие се спремни да го продадат.

Миовски во редовите на Абердин пристигна од МТК Будимпешта за сума од 650.000 евра и по две сезони во Шкотска неговата цена драстично се зголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…