Дома Фудбал Останато Еве зошто Кавани го пушти Нејмар да го изведе пеналот против Бордо

Еве зошто Кавани го пушти Нејмар да го изведе пеналот против Бордо

Во сабота не имаше драма околу изведувањето на пеналот на „Паркот на принцовите“, каде што ПСЖ го уништи Бордо со 7:2.

Од познатата кавга помеѓу Нејмар и Кавани пред две недели, многумина се прашуваа што ќе се случи следниот пат кога ПСЖ ќе добие пенал. Меѓутоа, овој пат немаше конфликт. Иако навивачите го скандираа името на Кавани, Нејмар, кој постигна прекрасен гол од 35 метри од слободен удар, ја зеде топката и погоди осми пат оваа сезона.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


До кавга не дојде поради тоа што изведувачот се знаеше пред натпреварот. Десниот бек Томас Муние откри дека тренерот Унаи Емери одлучил Нејмар да го изведе пеналот, а Кавани ќе добие шанса доколку дојде уште еден пенал.

До него не дојде, но изгледаше како никогаш да не се скарале. Одлично се соработуваа, а Нејмар запиша и асистенција за голот на Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шокантни зборови на поранешниот играч за врска на Интер: “Трипати се обидов да се убијам”

Фреди Гуарин, поранешен играч на средниот ред, се потсети на најтешките моменти од својот …