Дома Трансфер зона Алексис Санчез го напушта Арсенал, но не оди во Сити!

Алексис Санчез го напушта Арсенал, но не оди во Сити!

Јасно е дека Алексис Санчез на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал, а последните информации од Островот тврдат дека ќе ја напушти и Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Манчестер Сити важеше како фаворит за неговиот потпис, вчера Пеп Гвардиола потврди дека Санчез не му е потребен бидејќи е задоволен од Агуеро и Жесус.

Поради тоа Чилеанецот нема многу опции. Италијанските клубови го сакаат, но немаат многу пари, па најсериозен кандидат во трката е Пари Сент Жермен!

ПСЖ и во текот на летото го сакаше Чилеанецот, а медиумите тврдат дека „светците“ се во постојан контакт со неговиот менаџер и се спремни да му понудат 12 милиони евра по сезона.

ПСЖ е спремен да се ослободи од Пасторе, Ди Марија и Лукас Моура, па нема да има проблем со финансискиот фер-плеј да му понуди толку голема плата на Чилеанецот.

Притоа, во Париз сакаат да направат напаѓачко трио Нејмар – Санчез – Мбапе кое навистина ќе делува застрашувачки за противничките одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…