Дома Фудбал Репрезентации Екс-српски фудбалер со шокантно признание: Ми побараа 50.000 марки за да играм на Светското првенство

Екс-српски фудбалер со шокантно признание: Ми побараа 50.000 марки за да играм на Светското првенство

Добро познато е дека на Балканот во фудбалот има ситуации какви што не треба да има, па така сега една своја ситуација открива денес аналитичарот Раде Богдановиќ.

Богдановиќ во јавноста често зане да го критикува актуелниот селектор на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси со кого се во „мдиумска војна“ во последните денови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега тој откри дека пред Светското првенство во 1998 година му било побарано 50.000 марки за да добие место на списокот патници.

„Да тоа е точно, сум кажал и порано. Ми бараа 50.000 марки за да играм за репрезентацијата. Барањето ми беше соопштено од син на тогашниот генерален секретар на репрезентацијата Бата Булатовиќ.

Секако дека не платив, а тие на СП однесоа играч кој дотогаш не играше за репрезентација. Веројатно ако играв на тоа Светско првенство ќе имав поинаква кариера, но задоволен сум и од тоа што го направив“, изјави Богдановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалн…