Дома Фудбал Останато Баерн ќе изгледал многу поинаку: Гвардиола пред да си замине го изиграл раководството!

Баерн ќе изгледал многу поинаку: Гвардиола пред да си замине го изиграл раководството!

Пеп Гвардиола беше три години тренер во Баерн Минхен, а германските медиуми пренесуваат дека му забил нож во грб на клубот при неговото заминување.

Шпанскиот стратег го презема Манчестер Сити во 2016 година, додека уште претходно во таа сезона беше потврдено дека ќе замине. Со оглед на работата во Манчестер Сити тоа се покажа како голема грешка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главна цел на Пеп во Минхен беше освојувањето на Лигата на шампионите и не успеа во тоа. Интересно е што сега медиумите откриваат дека Пеп уште како тренер на Баерн почнал да го склопува тимот на Сити за сезоната во која таа година ќе дојде.

Во тој период Баерн преговарал со Кевин Де Брујн, Рахим Стерлинг и Илкај Гундоган. Меѓутоа Гвардиола сите три трансфери ги блокирал со документ дека не му се потребно. Кога дојде на клупата на Манчестер Сити, сите тројца завршија на „Етихад“ на негово инсистирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …