Австралискиот тенисер, Ник Кирјос во интервју за „Скај“ со новинарот Пирс Морган зборуваше за работи кои досега само тој ги знаел.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кирјос на почетокот на 2019 година се соочувал со големи психички проблеми, меѓутоа во тој период тоа не се забележувало бидејќи триумфираше на турнирите во Вашингтон и Акапулко.
Додека победувал на теренот во себе поминувал низ вистински пекол.
„Победував и освојував турнири, но секоја вечер пиев и се самоповредував. Си ги горев и сечев рацете од забава. Се мразев себе, чувствував зависност, мразев да се будам и да бидам Ник Кирјос од неоја причина“, зборуваше Кирјос.
Ова е само дел од интервјуто кое треба да се емитува во текот овој викенд. Голема помош во тие денови Кирјос добил од Енди Мареј.