Дома Фудбал Англија Гвардиола: Борба за титулата? Ние, Јунајтед и Хари Кејн

Гвардиола: Борба за титулата? Ние, Јунајтед и Хари Кејн

Манчестер Сити победи на гостувањето против Челзи и ја продолжи „мртвата трка“ со Манчестер Јунајтед во борбата за титулата.

Херој за „граѓаните“ беше Кевин де Брујн, а Гвардиола е импресиониран од перформансите на својот тим.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Тој има апсолутно се. Голови, асистенции, се што треба, навистина сум среќен поради него. Ме воодушевија и Давид Силва и Фабиан Делф. Ги добивме сите натпревари во септември и игавме многу добро, мораме така да продолжиме, изјави Гвардиола.

Гвардиола после тоа беше запрашан да ја коментира борбата за титулата и даде интересн одговор.

„Се уште сме во септемри. Сетете се дека Челзи минатата година доби 13 натпревари во низа. На никого нема да му биде лесно. Сепак како главни кандидати се истакнуваат Манчестер Јунајтед и тимот на Хари Кејн“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…