Дома Фудбал Останато Арда Туран открива: Банкарка ме измами, изгубив 13 милиони евра

Арда Туран открива: Банкарка ме измами, изгубив 13 милиони евра

Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран откри во медиумите дека останал без пари откако бил измамен од банкарка.

Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Барселона раскажа за измамничка шема која ја водела извесна Сеџил Ерзан.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Ме измами. Таа ме намами со зборовите дека кој и да инвестира во фондот што таа го управува ќе заработи добри пари. И дадов повеќе од 13.000.000 евра“.

Сфатил дека е измамен кога веќе било доцна.

„Таа ги зеде сите пари што ги заработив и ме измами. Сe што заработив во текот на мојата кариера исчезна“, додаде Туран.

Истрагата на турската полиција открила дека Туран не е единствениот фудбалер кој останал без милиони. \Жртви биле и Фернандо Муслера, Емре Белозоглу, Емре Чолак како и тренерот Фатих Терим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…