Дома Фудбал Репрезентации Во понеделник на Англија и треба само бод во Скопје

Во понеделник на Англија и треба само бод во Скопје

До крајот на квалификациите од групата „Ц“ за пласман на Европското првенство 2024 во Германија остануваа да се одиграат уште два натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во понеделник (20 ноември) од 20.45 часот македонската фудбалска А репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе игра против Англија, а во германскиот град Леверкузен Украина за противник ја има Италија.

Нашите најдобри фудбалери во петокот на стадионот „Олимпико“ во Рим загубија од Италијанците со резултат 5:2.

Англија е сигурно првопласирана со моментно 19 бодови и е веќе учесник на следното ЕП, по 13 имаат Италија и Украина, Македонија седум, а Малта го заврши квалификацискиот циклус без бодови.

На Италијанците за пласман на ЕП ќе им биде доволен и бод против Украинците поради победата во првиот меѓусебен дуел во Милано (2:1). Од друга страна, доколку Украина победи, тука нема да згаснат шансите на Италија бидејќи ќе има нова можност да се најде на континенталниот собир преку плеј-офот во Лигата на нации.

Натпреварот Македонија – Англија нема никакво резултско значење, иако Англичаните ќе одат на освојување на најмалку уште еден бод во овие квалификации за да бидат сигурно меѓу првите носители пред жрепката за групите на Европското првенство, а истата ќе се одржи на 2 декември во Хамбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…