Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза по паузата поради повреда се врати во националниот тим и треба да биде еден од главните адути на Италија во натпреварите со Македонија и Украна кои за „Аѕурите“ ќе бидат клучни во битката за второто место и пласманот на ЕП.
Резултатски за Македонија утрешниот натпревар нема некое значење, но за Италија не е така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така Италијанците ќе имаат и притисок затоа што во последниот период не им оди со нас. На последниот натпревар во Скопје одигравме 1:1, претходно ги запревме на патот за Светското првенство во Палермо…
Секако дека тие два натпревари се во мислите на Италијанците пред дуелот.
„Сите што сме во националниот тим носиме голема одговорност, утрешниот натпревар со Македонија ќе биде важен за нас.
Среќен сум што сум тука, за жал претходно не можев да помогнам. Мораме да се квалификуваме, ние сме Италија. Секако дека постои шанса за неуспех како во Плермо, меѓутоа мораме да излеземе на теренот и да покажеме зошто сме во репрезентацијата“, порача Киеза.