Дома Топ вести Де Геа се враќа во Шпанија во изненадувачки трансфер

Де Геа се враќа во Шпанија во изненадувачки трансфер

Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа се чини дека конечно ќе се врати на терените.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Де Геа после 12 сезони поминати на „Олд Трафорд“ ова лето го напушти Јунајтед и се уште е без клуб.

Де Геа се поврзуваше со многу клубови, но сепак реши да се врати во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во Бетис.

Голот на Бетис во моментов го чува 40-годишниот Клаудио Браво. Притоа, резервниот голман на Бетис, Руи Силва, е повреден, но и на излезна врата од клубот.

Де Геа се очекува веднаш да добие статус на прв голман и наскоро да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…