Роберто Фирмино е во фокусот на фудбалската јавност откако објави автобиографска книга со наслов „Си Сењор“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Посебно внимание Фирмино привлече со делот во кој пишува за Мохамед Салах и Садио Мане.
„Двајцата ги познавав многу добро, затоа што бев на теренот и често бев на средина меѓу двајцата. Ги познавам нивните погледи, гримасите, нервозните реакции и говорот на телото. Тоа го видов во натпреваот против Барнли. Многумина мислат дека тоа беше прва и последна расправија, но се готвеше долго време, можеби цела сезона наназад.
Имав задача да ја смирам тензијата меѓу нив. Но, факт е дека никогаш не беа најдобри пријатели, си беа посебни.
Не ги гледавме често како зборуваат, не знам дали беше така поради ривалиството на Египет и Сенегал. На теренот сепак во најголем дел од времето се однесуваа како големи професионалци“, изјави Фирмино.