Дома Фудбал Англија Гвардиола му фрли ракавица на Мурињо – се чека одговор од „Специјалниот“

Гвардиола му фрли ракавица на Мурињо – се чека одговор од „Специјалниот“

Пеп Гвардиола гостувајќи на „Би-Би-Си“ ја искористи можноста индирекно да го „боцне“ големиот ривал Жозе Мурињо.

Пеп гостуваше кај легендарниот Гери Линекер и во еден момент ја анализираше Премиер лигата и англискиот фудбал во целст.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Погледнете го националниот тим, Џон Стоунс, Кајл Вокер, Деле Али, Хендерсон, Адам Лалана, тоа се играчи кои сакаат да се надигруваат. Го гледам Челзи, го гледам Тотенхем, тоа се тимови кои сакаат да играат, имаат идеја, а кога го гледам Јунајтед… тие ги имаат тие долги топки и не сакаат да се надигруваат“, изјави Пеп.
На тоа Линекер логично му постави прашање дали го „боцна“ Манчестер Јунајтед, а каталонскиот стратег одговори:

„Не, јас исклучително ги почитувам своите соседи“.

Со оглед на фактот дека Мурињо никогаш не останува „должен“, сигурно очекуваме продолжение на оваа „расправа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ужас: Родители се степале на детски фудбалски турнир, 11-годишно момче се здобило со повреди на главата

Наместо да го промовира детскиот спорт, фудбалскиот турнир во Златибор се претвори во инци…