Дома Фудбал Останато Дост откако колабираше на терен се огласи од болница

Дост откако колабираше на терен се огласи од болница

Фудбалерот на холандски НЕЦ Нијемген Бас Дост за среќа се чувствува добро откако вчера колабираше во натпреварот против АЗ Алкмар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот фудбалер падна на теренот и беше во безсознание, а докторите брзо му врачија прва помош што беше клучна за понатомошното здравје на фудбалерот.

Нешто подоцна Дост се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи се на докторите и навивачите.

„Добро сум. Помошта која ја добив на теренот беше фантастична. Во болница сум и се чувствувам добро. Благодарност за целата поддршка“, објави Дост.

Од НЕЦ соопштија дека напаѓачот ќе остане во болница на тестови и во текот на денешниот ден би требало да се добијат резултатите по кои би биле познати повеќе детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нема ништо од Алварес! Деко и Флик веќе го “активираа” сензационалниот план Б!

Барселона веќе размислува за алтернативни решенија на пазарот, доколку не успее да го дове…